Апулија е сложувалка од чуда, почнувајќи од Гаргано до Саленто, со должина од над 930 километри зачудувачко крајбрежје. Дивата природа и синото море ќе ве маѓепсаат, но не треба да се занемарат ниту екскурзиите до трули, масерии и историските села. Топлото, воздржано гостопримство и вкусната кујна ja прават Апулија незаборавна. Апулија го добила името по древниот нардо Апили кои живееле на ова подрачје во времето пред Антички Рим. Првите фосилни остатоци од човек датираат од пред 25.000 години и се пронајдени во близина на Алтамура.
Патувањето на откривањето на Апулија започнува од Бари, нејзиниот главен град. Стариот град, познат како „Бари векија“, е лавиринт од тесни улички каде што фолклорот и традицијата имаат единствена живост.
Тука се наоѓа базиликата Свети Никола, еден од омилените центри на православната црква на Запад и спектакуларен пример за апулиска романска архитектура. Недалеку можете да го посетите замокот во Бари, градската знаменитост, импозантна тврдина која сега е музеј. Икона на регионот е Алберобело, популарна туристичка дестинација. Благодарение на неговите познати трули, антички конусни живеалишта кои датираат од 17 век, заштитени од УНЕСКО. Со истата радозналост и убавина ќе Ве освои и таканарачениот „Бел град“ поради куќите покриени со вар што го карактеризираат центарот на градот, Остуни нуди прекрасен поглед од ридот каде што се наоѓа. Неколку пати наградуван за своите плажи, нуди волшебно море.
Испрате контакт информации и нашиот тим ќе ве контактира со повеќе детали.
We will review your software soon!
Добивај еклсклузивни понуди секоја недела
Our excellent customer support team is ready to help.