Сместена северно од прекрасната Барселона, Коста Брава е една од најпосакуваните и најпосетувани туристички региони за одмор во Шпанија. Со своите златни песочни плажи, скриени заливи со тиркизно сини води, шармантни и опуштени крајбрежни села, како и со свежата медитеранска кујна, оваа област нуди совршена комбинација од релаксација и забава.
Градчињата Калеља, ПињедадеМар, СантаСузана, МалгратДеМар, Бланес, живописниот и секогаш забавен Лорет де Мар се меѓу најпопуларните одморалишта во овој дел од Шпанија, познати по својата топла гостопримливост, модерни хотели и активности за сите возрасти. Долгите прошетки покрај морето, извонредната гастрономска понуда и богатата културна историја се само дел од она што ја прави Коста Брава посебна.
Дополнителен бонус е близината на каталонската убавица Барселона– само на кратко растојание, на помалку од 1 час возење со директен возможете да го истражите овој космополитски град, познат по архитектонските ремек- дела на Гауди, богатата уметничка сцена и динамичниот ноќен живот. Возовоите одлетувалиштата во КостаБрава се обраќаат кон Барселона во текот на целиот ден, со што овозможуваат лесна и евтина достапност на овој град со непроценливо архитектонско, уметничко и културолошко богатство.
Во овој регион се наоѓаат и места кои посебно би ги издвоиле заради нивното значење. Жирона кој е еден од најстарите градови на Каталонија со прекрасен Еврејски кварт; Фигерас - родното место на легендарниот Салвадор Дали, а денес дом на музејот со негови неверојатни уметнички дела.
Без разлика дали барате мирен одмор со семејството или авантура со пријателите, Коста Брава е дестинација која ги исполнува сите очекувања. Откријте ја убавината на каталонското крајбрежје и создадете незаборавни спомени!
Испрате контакт информации и нашиот тим ќе ве контактира со повеќе детали.
We will review your software soon!
Добивај еклсклузивни понуди секоја недела
Our excellent customer support team is ready to help.