АГИОС НИКИТАС е идеално место за патниците кои сакаат да ја запознаат традиционалната Грција. Сместено е на рид помеѓу маслинови и борови дрва и прекрасен поглед кон тиркизната вода на Јонското море. Местото плени со прекрасната традиционална грчка архитектура, камени улици и голем број на традиционални ресторани каде може да се вкуси најразлична вкусна храна. Во близина на Агиос Никитас се наоѓаат некои од најубавите плажи во Европа, на југ од селото се наоѓа Milos Beach именувана по разрушена мелница до која се стига со пешачење, на север од селото се наоѓа Pefkoulia Beach позната и како Agios Nikitas Beach. Исто така на овој дел од островот се сместени и плажите Porto Katsiki, Egremni, Kathisma, Ligia.
Агенција: ЈК Травел
Датум од: 28/05/2025
Датум до: 24/09/2025
Цена: од 99€
Испратете ја вашата понуда тука:
Нашиот тим ќе ја разгледа во најкраток можен рок и ќе ве извести за објавувањето и други дополнителни информации!
Очекувајте ги најдобрите понуди на вашата емаил адреса!
Добиј ги најдобрите понуди пред било кој друг директно на вашата емаил адреса и одмарај со стил!