Вила Димитра се наоѓа на 500метри од плажа, веднаш до училиштето во Калитеа и на 2мин пешачење до центарот на Калитеа. Во нејзина близина има продавници за храна, фурна, ресторани, игри за деца. Можност за паркирање има на самата улица пред вилата или на 40м одалеченост од вилата каде има бесплатен паркинг. Сезона 2025 климата е со доплата на лице место од 5 еур на ден.
Агенција: ЈК Травел
Датум од: 18/05/2025
Датум до: 21/09/2025
Early Bird Цена:
Цена: 109€ - 759€
Трокреветните студија, располагаат со три редовни легла, мини кујна опремена со прибор за готвење и јадење, сопствен тоалет и балкон, ТВ, клима со доплата и wi-fi. Истите се наоѓаат на приземје и едно студио на втор кат. Четворокреветните студија располагаат со четири редовни легла, мини кујна опремена со прибор за готвење и јадење, сопствен тоалет, балкон или тераса, тв, клима со доплата и wi-fi. Петтокреветното студио располага со спален кревет за две лица и три единечни легла, се наоѓа на прв кат и гледа кон улица, има кујна на страна од собата со прибор за готвење и јадење, сопствен тоалет, балкон, клима со доплата и wi-fi. Фотографиите кои се објавени на нашата веб-страница (www.jk.mk) се само дел од севкупната понуда-галерија и истите се од информативен карактер. За сите детали по однос на овој анаржман можете да се информирате кај нашите вработени. -Специјалната понуда важи за ограничен број на соби во претпродажба, организаторот може да ја повлече понудата во секое време без претходна најава. -Цените се однесуваат на наем на студио за 7 ноќевања (без превоз). -Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD). -Туристичка такса се наплаќа на лице место по соба на ден од 2еур Првите три и последните три термина се промо цени, на кој не следува попуст, истите се резервираат со 50% аконтација.
Испратете ја вашата понуда тука:
Нашиот тим ќе ја разгледа во најкраток можен рок и ќе ве извести за објавувањето и други дополнителни информации!
Очекувајте ги најдобрите понуди на вашата емаил адреса!
Добиј ги најдобрите понуди пред било кој друг директно на вашата емаил адреса и одмарај со стил!