Вила Посеидон
Лето 2025; Грција

Вила Посеидон се наоѓа на сама плажа во Калитеа, на 200м од центарот. Вилата нема сопствен паркинг, но на само 30м оддалеченост од Вилата на гостите им е достапен бесплатен паркинг. Вилата располага со трокреветнo и четворокреветни студија. 

Агенција: ЈК Травел

Датум од: 18/05/2025

Датум до: 21/09/2025

Early Bird Цена:

Цена: 189€ - 969€

Лесно и едноставно!
Вила Посеидон logo

Сместување
Emoji icon 1f3e1.svg

-Трокреветното студио кое се наоѓа на 3 кат, располага со брачен кревет за две лица, ( потесен од стандардните лежаи) и едно единечно легло. Студиото е опремено со мини кујна со прибор за готвење и јадење, сопствен тоалет (реновиран), wi-fi, балкон кој гледа странично кон море и кон градина. Користењето на клима уредот е вклучено во цената. -Четворокреветните студија располагаат со брачен кревет за две лица (потесен од стандардните лежаи) и две единечни стандардни легла. Истите се наоѓаат на -приземје – студио број 2 (без оградена тераса и реновиран тоалет), -на трет спрат – страничен поглед на море со број 23,24,25, 26 со реновирани тоалети, -едно студио на четврти кат со директен поглед на море – со реновиран тоалет – бр.31 и -едно студио со поглед на градина кое се наоѓа на трет кат – со реновиран тоалет, број 21. Капацитет на собите е максимум 4 лица. Надвор од овој капацитет може да се смести исклучиво само дете до 3,99год. На плажа, гратис 2 лежалки и чадор, добива секоја соба почнувајки од 01.06.2025 Фотографиите кои се објавени на нашата веб-страница (www.jk.mk) се само дел од севкупната понуда-галерија и истите се од информативен карактер. За сите детали по однос на овој анаржман можете да се информирате кај нашите вработени. -Специјалната понуда важи за ограничен број на соби во претпродажба, организаторот може да ја повлече понудата во секое време без претходна најава. -Цените се однесуваат на наем на студио за 7 ноќевања (без превоз). -Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD). -Доплата на туристичка такса по соба на ден од 2еур (на лице место) (напомена: првите два и последните два термина се промо цени) На ПРОМО цените не следува попуст за 2 последователни термини и попуст за рана резервација. Резервација на промо цени се прави со 50% уплата.

Што е вклучено во цената?
Emoji icon 2705.svg

Што не е вклучено во цената?
Emoji icon 1f6ab.svg

 

  

  

  

   

Built on Unicorn Platform