АГИОС НИКИТАС е идеално место за патниците кои сакаат да ја запознаат традиционалната Грција. Сместено е на рид помеѓу маслинови и борови дрва и прекрасен поглед кон тиркизната вода на Јонското море. Местото плени со прекрасната традиционална грчка архитектура, камени улици и голем број на традиционални ресторани каде може да се вкуси најразлична вкусна храна. Во близина на Агиос Никитас се наоѓаат некои од најубавите плажи во Европа, на југ од селото се наоѓа Milos Beach именувана по разрушена мелница до која се стига со пешачење, на север од селото се наоѓа Pefkoulia Beach позната и како Agios Nikitas Beach. Исто така на овој дел од островот се сместени и плажите Porto Katsiki, Egremni, Kathisma, Ligia.
Агенција: ЈК Травел
Датум од: 28/05/2025
Датум до: 24/09/2025
Early Bird Цена:
Цена: 99€ - 494€
Вила Спирос се наоѓа на 300 метри од плажа, на почетокот на Агиос Никитас (види мапа). Во нејзина близина има продавница на 100м, rent a car и rent a bike на 100м. Централната пешачка уличка се наоѓа на 100м од вилата, на која се наоѓаат ресторани, таверни, продавници за храна, гиро, слаткара, продавници за сувенири. Вилата располага со двокреветни студија со дупли кревет и трокреветни студија со еден дупли кревет и еден единечен, сите имаат мини кујна со прибор за готвење и јадење, фрижидер, сопствен тоалет со туш, клима и туш, терасата е надворешна, заедничка за сите соби одделена со паравани и се излегува на неа од влезната врата на студиото. Терасите се со страничен поглед на море. Клима со доплата од 7еур на ден. Капацитетот на собите: во двокреветна соба максимум 2 лица, во трокреветна соба максимум 3 лица + 1дете до 3,99год кое спие со родители. Специјалната понуда важи за ограничен број на соби во претпродажба, организаторот може да ја повлече понудата во секое време без претходна најава. Цените се однесуваат на наем на студио за 7 ноќевања (без превоз). Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD). Туристичка такса од 2еур по соба на ден, се плаќа на лице место.
Испратете ја вашата понуда тука:
Нашиот тим ќе ја разгледа во најкраток можен рок и ќе ве извести за објавувањето и други дополнителни информации!
Очекувајте ги најдобрите понуди на вашата емаил адреса!
Добиј ги најдобрите понуди пред било кој друг директно на вашата емаил адреса и одмарај со стил!