Вила Вагиа
Лето 2025; Грција

Амудиа е мало рибарско место во општината Фанари, областа Епир во Грција. Ова место се наоѓа на брегот на Јонското Море, 9 км југоисточно од Парга и на 6 километри од познатото туристичко место Врахос. Устието на митската река Ахерон опеана во Хомеровите поеми се наоѓа во ова рибарско место. Амудиа е мирно место сместено во залив и располага со прекрасна голема плажа со бела песок. Во ова место можете да најдете прекрасни таверни кои служат свежа морска риба уловена од локалните рибари. Исто така местото има кеј за вечерни прошетки, а локалните рибари нудат можност за прошетки со бротчиња низ митската река Ахерон. Оваа дестинација ја препорачуваме за мирен фамилијарен одмор. 

Агенција: ЈК Травел

Датум од: 21/05/2025

Датум до: 24/09/2025

Early Bird Цена:

Цена: 109€ - 639€

Лесно и едноставно!
Вила Вагиа logo

Сместување
Emoji icon 1f3e1.svg

Вила Вагиа се наоѓа на почетокот на Амудиа, во мирно опкружување, 50m оддалеченост од плажа. Вилата се состои од студиа за две или три лица и апартмани за 4 лица, опремени со сопствена кујна (опремена со основен прибор за готвење) тераса, тоалет, ТВ, клима со доплата од 6 еур за студио и 7 еур за апартман (на лице место). Студијата се наоѓаат на приземје, од самата соба се излегува на сопствена тераса која гледа кон море. Апартманот се наоѓа на први спрат и гледа кон море, погоден за 4 лица, составен од две спални од кои во едната е француски спален кревет, а во другата со два стандардни кревети и кујна опремена, тоалет, ТВ, Клима. Специјалната понуда важи за ограничен број на соби во претпродажба, организаторот може да ја повлече понудата во секое време без претходна најава. Цените се однесуваат на наем на студио за 7 ноќевања (без превоз). Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD). Туристичка такса од 2еур по соба на ден се плаќа на лице место (напомена: првите три и последните два термина се промо цени)

Што е вклучено во цената?
Emoji icon 2705.svg

Што не е вклучено во цената?
Emoji icon 1f6ab.svg

 

  

  

  

   

Built on Unicorn Platform