05.12.2026 | САБОТА СКОПЈЕ – РИМ Состанок на групата на скопскиот аеродром во 14:35 часот. Полетување за Рим во 16:35 часот. Пристигнување во Рим во 18:25 часот. По пристигнувањето следува организиран трансфер до хотелот. Сместување во хотел. Ноќевање. 06.12.2026 | НЕДЕЛА РИМ – ВАТИКАН – РАЗГЛЕД НА ГРАДОТ Појадок во хотел. Ватикан По појадокот е предвидена можност за факултативна посета на Ватикан. Превозот е со метро, а разгледот трае приближно 2 часа. Во рамките на посетата се предвидени: Ватиканските музеи Црквата Св. Петар Систинската капела Во Ватиканските музеи ќе имате можност да ги видите најзначајните уметнички збирки: античките статуи, салата со таписерии, географските мапи од XVI век, салата со канделабри и собите насликани од Рафаело. Систинска капела Посебно се истакнува Систинската капела со делата на Перуџино, Ботичели и други светски познати уметници. Во периодот од 1508 до 1511 година, Микеланџело Буонароти го насликал таванот со теми од Стариот завет, а околу три децении подоцна го создал и прочуениот Страшен суд. Прошетката низ Ватикан завршува на прекрасниот плоштад уреден од Бернини, еден од најзначајните уметници на италијанскиот барок. Разглед на Рим По кратка пауза следува можност за организиран панорамски разглед на Рим со локален водич, пеш и со метро, во времетраење од околу 3 часа.