ИСТАНБУЛ За 8-ми Декември 04.12.2026 – 08.12.2026 5 дена / 3 ноќевања ЦЕНА НА АРАНЖМАН 145 € по лице 🚌 ПРЕВОЗ Туристички автобус 🏨 СМЕСТУВАЊЕ Хотел 3★ 🍳 УСЛУГА 3 ноќевања со појадок 👤 ПРИДРУЖНИК Лиценциран туристички придружник Истанбул – град на два континента Истанбул е град на два континента, со повеќе од 20 милиони жители, исполнет со историја, уметност, гастрономија и безброј приказни. Овој впечатлив град на уникатен начин ги спојува ориенталните и европските елементи и постојано ве поттикнува да го истражувате и откривате одново. Истанбул отсекогаш бил, а и денес останува, еден од најзначајните центри на економијата, културата и трговијата. Тука се среќаваат локалното население, трговци и туристи од сите делови на светот, создавајќи ја неповторливата атмосфера на градот. Многумина го нарекуваат „Главниот град на светот“, а други „Мостот помеѓу Европа и Азија“. Препознатлив е и по богатата турска кујна – Искендер, сендвич со риба, баклава, ќунефе, алва и турски локум. Истанбул е место каде различните традиции, култури и вкусови се спојуваат во едно. Програма на патувањето ДЕН 1 04.12.2026 | ПЕТОК СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ Состанок на групата пред паркингот на Хотел Русија во Скопје околу 16:00 часот. Следува ноќно патување кон Истанбул со попатни паузи, царински формалности, презентација на програмата и информации за начинот на реализација.
од 145€
Истанбул, Турција