Хотелот располага со 20 соби и апартмани: 12 двокреветни, 2 трокреветни и 6 апартмани. Сите се со панорамски поглед кон Крушево… Освен еден Јуниор апартман, кој е со поглед кон буковата корија. Вкупниот капацитет на хотелот е 52 гости. За бебиња 0-2 години, во собата на Ваше барање, се поставува детско креветче. Во зимската сезона, користењето на жичарницата и ски лифтовите се бесплатни за гостите на хотелот. Хотелот располага со ресторан, внатрешен базен, спа центар, бесплатен интернет на цела територија на хотелот и ски соба за вашата опрема за скијање. Големите стаклени површини на ресторанот Алто ви откриваат неверојатен поглед кон Крушево, кон боровата шума и кон облаците. Традиционалните јадења Ви ја топлат душата, а интернационалното мени ве шета низ светот. Сите јадења се приготвени по највисоките гурмански стандарди, со голем мајсторлук од нашите врвни готвачи. За вистинска релаксација ве очекува спа центарот со внатрешениот базен кој има фантастична панорамска глетка кон Крушево и стаклен покрив кој ви овозможува постојано да го гледате и небото. Опремен е со хидраулични лежалки, џакузи, топли лежалки и финска сауна. За целосно опуштање, можете да изберете од различните видови масажи: релакс масажа, спортска, медицинска, масажа на стапала и масажа на лице. А за нега на вашето лице и тело, почестете се со некој од повеќето третмани со врвната козметика БАБОР (третман на лице со алги, salt aroma grow третман на тело, лифт експрес третман на лице, Клеопатра третман на тело или витамински коктел за зацврстување и заштита на кожата).
клик за цени
Крушево, Македонија