Богутовачка Бања, Србија · Понуда од ЈК Травел
Туристичка агенција · TravelHub партнер
Локација на понудата.
Начин на превоз за оваа понуда.
БОГУТОВАЧКА БАЊА Поминете викенд во прекрасната природна околина на Богутовачка Бања, сместена на падините на планината Троглав, на неполни 25 километри од Краљево. Позната по својата лековита минерална вода, чистиот планински воздух и долгогодишната бањска традиција, Богутовачка Бања е идеално место за одмор, релаксација и дружење. Добра атмосфера и незаборавно дружење со нас! ПРЕВОЗ | ПОЛНПАНСИОН | | БАЗЕН /ПАРНА БАЊА/ТИПИДАРИУМ| ЛЕКОВИТА МИНЕРАЛНА ВОДА ПРОГРАМА ПРВ ДЕН – 05.12.2026 (САБОТА) БИТОЛА/СКОПЈЕ/БОГУТОВАЧКА БАЊА Состанок на групата Битола во 02:30ч. Поаѓање во 03:00 ч. Со попатни зимања на патници Прилеп, Велес и Штип. Поаѓање Скопје во 05:00 ч со попатни паузи за одмор и гранични формалности. Патувањето се одвива преку Граничен премин Табановце. Пристигнување во Богутовачка Бања околу пладне, сместување по соби. Ручек. Слободно попладне за одмор, релаксација и користење на услугите од Велнес на хотелот. Вечера. Ноќевање. ВТОР ДЕН – 06.12.2026 (НЕДЕЛА)-БОГУТОВАЧКА БАЊА-МАНАСТИР ЖИЧА Појадок. Организирана посета на манастирот Жича. Манастирот со потекло од првата половина на 13от век, познат е по тоа што тука бил крунисан тогашниот прв крал на Србија, Стефан Немања, братот на Свети Сава. Враќање назад во хотелот. Ручек. Слободно време за индивидуални активности, релаксација и одмор, можност за користење на содржините на хотелот вклучени во цената. Вечера. Ноќевање.
Прочитајте ги најновите совети, водичи и инспирации за патување.
Се вчитуваат најновите објави...
Со пополнување на формата се согласувате вашите понуди да бидат објавени на страницата на ТравелХаб како и на социјалните мрежи Facebook и Instagram.*
We will review your software soon!
Добивај еклсклузивни понуди секоја недела
Our excellent customer support team is ready to help.