Будимпешта, Унгарија · Понуда од Camellia Travel Agency
Туристичка агенција · TravelHub партнер
Локација на понудата.
Начин на превоз за оваа понуда.
БУДИМПЕШТА – ВИЕНА ВО НОЕМВРИ AВИОНСКА ПРОГРАМА (13.11 - 16.11.2026) Како би ја опишале Будимпешта? Стилски, космополитски, софистицирани и убави се зборовитe кои редовно се користат за да се опише Будимпешта.Препознатлива како Ѕвездата на Дунав со богатата култура, подземните пештери, реката Дунав, прекрасната зграда на парламентот, локални деликатеси и светски главен град на Спа центри. За распоредот кој ве очекува, енергија ќе ви дадат, вкусниот појадок и доброто кафе во некое од локалните кафе барови. А Виена ? Волшебна мешавина на старо и ново; гастрономија: културен лонец во кој можете да најдете јадења од секоја светска кујна, совршено надополнети со вкусни австриски колачи и одлично кафе; Виена е музика, дом на големите композитори како Штраус, Бетовен и Моцарт и домаќин на операта со светско реноме; Виена е култура, со повеќе од 100 музеи за избор. Талкајте низ нејзиниот историски центар под будниот поглед на катедралата или уживајте во виенско кафе придружено со парче вкусна чоколадна торта Sachertorte. ПРОМО ЦЕНА: 389 € (22.880ден.) Редовна цена по лице: 439 € УСЛОВИ ЗА ПЛАЌАЊЕ: · Цената е изразена во евра со денарски курс од 62,00 ден. · При пријавување и склучување на договорот се уплаќа аконтација од 30% од вкупниот износ и најдоцна 14 дена пред датумот на патување се доплаќа остатокот. · Плаќањето може да биде готовинско, со платежни картички или на фактура.
Прочитајте ги најновите совети, водичи и инспирации за патување.
Се вчитуваат најновите објави...
Со пополнување на формата се согласувате вашите понуди да бидат објавени на страницата на ТравелХаб како и на социјалните мрежи Facebook и Instagram.*
We will review your software soon!
Добивај еклсклузивни понуди секоја недела
Our excellent customer support team is ready to help.