, Крстарење · Понуда од ЈК Травел
Туристичка агенција · TravelHub партнер
Локација на понудата.
Начин на превоз за оваа понуда.
Крстарење со луксузниот брод Celestyal Journey со поаѓање од Пиреа, Атина. Поминете 8 дена на Егејското Море, посетете ги Кушадаси и Ефес на турскиот брег и грчките острови Крит, Родос, Санторини, Миконос и Милос, како и Атина. Побрзајте со резервации и искористете ја најповолната понуда за крстарење по одлична цена. Едно од најпопуларните крстарења во нашата понуда е секако Идиличниот Егеј. Крстарењето трае 8 дена (7 ноќевања) и вклучува застанувања во Кушадаси (Турција), Родос, Агиос Николаос (Крит), Санторини, Миконос, Милос и Пиреа (Атина). Осмиот ден бродот се враќа на почетната точка – Пиреа, Атина. На ова незаборавно крстарење ќе имате можност да ги одморите очите гледајќи ги сончевите брегови на Егејското Море, да посетите некои од најубавите и најпознатите грчки острови, да се запознаете со богатата грчка историја, култура и традиции на локалното население и да ги пробате уникатните специјалитети од локалната кујна. Препуштете се на автентичните вкусови на медитеранската кујна, уживајте во прекрасните пејзажи и посетете ги шармантните поморски локалитети и археолошки знаменитости лоцирани во близина на пристаништата. Посетете го древниот Ефес и откријте ги тајните на еден од најдобро зачуваните антички градови во овој дел од светот. Дознајте зошто Санторини и Миконос се едни од најексклузивните места за одмор во Грција и зошто Милос е дијамантот на Кикладите. Посетете ја Атина и нејзиниот Акропол и запознајте ги знаменитостите на еден од најстарите градови. Поаѓањата се од Пиреа, Атина, секоја сабота почнувајќи од март до октомври.
Прочитајте ги најновите совети, водичи и инспирации за патување.
Се вчитуваат најновите објави...
Испрате контакт информации и нашиот тим ќе ве контактира со повеќе детали.
We will review your software soon!
Добивај еклсклузивни понуди секоја недела
Our excellent customer support team is ready to help.