Кавала и Драма – Божиќен парк

Кавала, Грција · Понуда од Atlantis Travel

TravelHub избор
Понуда со информации од туристичка агенција.
N/A ★★★★★ N/A Google рецензии
?
Google рецензиите се преземаат автоматски според името и локацијата на сместувањето. Понекогаш резултатот може да не биде 100% точен, затоа кликнете на оценката за да ги проверите рецензиите директно на Google.
... Прегледи

Понуда од Atlantis Travel

Туристичка агенција · TravelHub партнер

Кавала, Грција

Локација на понудата.

Автобус

Начин на превоз за оваа понуда.

Опис

✦ БОЖИЌНА МАГИЈА ВО ГРЦИЈА ✦ ✧ 🎄 ✧ КАВАЛА И ДРАМА ONEIROUPOLI Божиќниот град на соништата 13 ДЕКЕМВРИ 2026 Недела · 1 ден · Автобуска програма Морскиот шарм на Кавала и илјадници светилки во божиќната бајка на Драма. ПОДАРЕТЕ СИ ЕДЕН ПРАЗНИЧЕН ДЕН Поаѓање од Струмица 2.000 денари по лице Поаѓање од Радовиш 2.200 денари по лице Деца до 10 години 1.800 денари ПРВА СТАНИЦА · ПОКРАЈ МОРЕТО Кавала — медитерански шарм Патувањето започнува со посета на Кавала, еден од најубавите приморски градови во северна Грција. Градот плени со своето живописно пристаниште, старите улички, традиционалната архитектура и прекрасниот поглед кон морето. Ќе имаме слободно време за индивидуална прошетка низ центарот, кафе, ручек и уживање во пријатната атмосфера на градот. 🎄 ТАМУ КАДЕ ШТО ПОЧНУВА БАЈКАТА Драма — градот на божиќните соништа Онеируполи, во превод „Град на соништата“, е името на големиот празничен божиќен фестивал кој секој декември ја претвора Драма во вистинска бајка. Во центарот на градот се создава посебен божиќен забавен парк со тематски куќички, куќата на Дедо Мраз, работилници, божиќен базар, музика и бројни празнични содржини за деца и возрасни. Фестивалот е исполнет со илјадници светилки и празнични украси, а особено убаво изгледа во вечерните часови, кога целиот простор блеска во божиќен сјај.

Препорачуваме

Реклама

Најнови блог објави

Прочитајте ги најновите совети, водичи и инспирации за патување.

Се вчитуваат најновите објави...

Built on Unicorn Platform