Сончев Брег, Бугарија · Понуда од Camellia Travel Agency
Туристичка агенција · TravelHub партнер
Локација на понудата.
Начин на превоз за оваа понуда.
Хотел DIAMOND 4* се наоѓа во центарот на Сончев Брег, на околу 250 m од плажата. Хотелот е соодветен не само за семејства туку и за млади бидејќи е многу блиску до забавните случувања. Петкатниот хотел DIAMNOD 4* има 284 двокреветни соби, 14 студија, 3 ВИП апартмани и три лифтови. Сите соби се централно климатизирани и се опремени со сопствено купатило со туш кабина, WC, фен, телефон, мини бар, сателитска ТВ и балкон. Ресторанот има и отворена тераса и нуди повремени шоу готвење и тематски вечери. Има голем надворешен базен со детски дел, како и бар покрај базенот. Лежалките за сонце и чадори за сонце на базенот се бесплатни. На располагање на гостите има и масажа, билијард, изнајмување велосипеди со доплата. На плажата се нудат различни спортски активности – одбојка на плажа, падобран на вода, сурфање на ветер, возење со банана на вода, лопатки на вода, едрење, јахти, чамци со весла, скутери, чамци за веслање итн. Има и солариум, сауна, турска бања, масажа со вода. Хотел DIAMOND 4* располага со рецепција, менувачница, лоби бар, главен ресторан, кафуле, продавница, мини маркет, фризер, доктор, казино, СПА центар, сала, интернет сала, билијард, сефови на рецепција (со доплата).
Прочитајте ги најновите совети, водичи и инспирации за патување.
Се вчитуваат најновите објави...
Испрате контакт информации и нашиот тим ќе ве контактира со повеќе детали.
We will review your software soon!
Добивај еклсклузивни понуди секоја недела
Our excellent customer support team is ready to help.