Тиват, Црна Гора · Понуда од Camellia Travel Agency
Туристичка агенција · TravelHub партнер
Локација на понудата.
Начин на превоз за оваа понуда.
За лето 2026 ви нудиме нешто поразлично, лани за прв пат ја имавме во наша организација оваа програма и имавме само пофалби и задоволни патници. Ако сте турист што сака времето да го помине што е можно повеќе надвор од сместувањето и сместувањето да го користи БУКВАЛНО за да преноќи и туширање тогаш сте на право место. Доколку сте личност што сака да истражува, да посетува различни места, градови, плажи, да оди на крстарење на овој активен одмор нема време кога да ви биде здодевно, бидејќи агендата е целосно пополнета, а за 8 дена тоа што ќе го видите и истражите е повеќе од доволно. Нашите понуди се со 7 ноќевања на база појадок и вечера, а хотелот е со базен и на сама плажа. Скролајте надолу да прочитате повеќе за програмата и сместувањето. Хотел Камелија со 2* се наоѓа на сама плажа, на 20 минути пешачење до Порто Монтенегро и 30 минути до шеталиштето во Тиват. Објектот нуди сместување со градина, бесплатен приватен паркинг,ресторан, 2 базени со лежалки, бар кој е наменет за гостите и приватна плажа со сопствени лежалки (со доплата а цената на лежалките ќе ја објавиме во месец мај). Хотелот располага со ресторан со 500 седишта, отворен бар на тераса, отворен базен за деца и возрасни, игралишта за кошарка, тенис и одбојка. Во однос на собите за две лица кои се со брачен или два единечни кревети а поголем дел од собите кои што се со два единечни кревети немат можност креветите да се спојат еден до друг. Собите се со сопствен тоалет, клима уред и фрижидер. Во собите нема мини кујна.
Прочитајте ги најновите совети, водичи и инспирации за патување.
Се вчитуваат најновите објави...
Испрате контакт информации и нашиот тим ќе ве контактира со повеќе детали.
We will review your software soon!
Добивај еклсклузивни понуди секоја недела
Our excellent customer support team is ready to help.