Малта во ноември

Валета, Малта · Понуда од MyTrip

TravelHub избор
Понуда со информации од туристичка агенција.
4,8 ★★★★★ 37 Google рецензии
?
Google рецензиите се преземаат автоматски според името и локацијата на сместувањето. Понекогаш резултатот може да не биде 100% точен, затоа кликнете на оценката за да ги проверите рецензиите директно на Google.
... Прегледи

Понуда од MyTrip

Туристичка агенција · TravelHub партнер

Валета, Малта

Локација на понудата.

Авион

Начин на превоз за оваа понуда.

Опис

27.11.2026 | ПЕТОК СКОПЈЕ – МАЛТА Состанок на групата на скопскиот аеродром 2 часа пред летот. Полетување за Малта во 13:10 часот со директен лет на авиокомпанијата Wizz Air. Пристигнување на аеродромот во Малта во 15:00 часот. Следува организиран трансфер до хотелот. Сместување во хотел и слободно попладне. Ноќевање. 28.11.2026 | САБОТА МАЛТА – МДИНА – МОСТА – ВАЛЕТА Појадок во хотел. Предлагаме факултативна посета на Валета и Мдина . Мдина – Тивкиот град Се упатуваме на полудневен факултативен излет во централна Малта и посета на стариот главен град на островот – Мдина, познат и како „Тивкиот град“. За време на прошетката низ тесните и сликовити улички ќе дознаете интересни историски податоци за островот. Од градските ѕидини се отвора прекрасен панорамски поглед кон целиот остров. Моста Продолжуваме кон Моста, град познат по кружната црква Rotunda of St. Marija Assunta, изградена во XIX век по примерот на римскиот Пантеон. Црквата е позната и по неверојатен настан од Втората светска војна, кога била погодена со бомба тешка околу 200 kg која го пробила покривот, но не експлодирала. Реплика од бомбата и денес се чува во црквата. Валета Во договорено време се упатуваме кон Валета на организиран разглед со локален водич. Разгледот ќе ви овозможи да ги откриете убавините на градот изграден од Витезите на Св. Јован.

Препорачуваме

Реклама

Најнови блог објави

Прочитајте ги најновите совети, водичи и инспирации за патување.

Се вчитуваат најновите објави...

Built on Unicorn Platform