Будва, Црна Гора · Понуда од MyTrip
Туристичка агенција · TravelHub партнер
Локација на понудата.
Начин на превоз за оваа понуда.
1 ден: 30.12.2026 год Будва Нова година 2027: Поаѓање за Будва од Скопје на паркингот СЦ „Борис Трајковски“ во 23.00 часот со туристички автобус. Патот води преку Косово и Албанија. Ноќно возење со попатни одмори. Поаѓања вклучени во цената од Битола 19.00 часот; Прилеп 20.00 часот; Кавадарци во 21.15 часот; Кочани 20.00 часот; Гевгелија 19.00ч; Струмица 20.00 часот; Радовиш 20.30 часот; Штип 21.30 часот; Велес 22.00 часот и Куманово 22.00ч. 2 ден: 31.12.2026 год. Пристигнување во Будва во предпладневните часови, (пауза за фотографирање и уживање во прекрасната панорама на Св. Стефан-едно од најмонденските остров-летувалишта на Јадранското море). Сместување во хотел / приватно сместување. Слободно попладне за прошетка по кејот на познатата Словенска плажа, бројните кафулиња, ресторани, бутици и галерии. Улиците и плоштадите на Стариот град Будва се сеќаваат на човечките стапки од пред повеќе од 2000 години. Многу култури се вкрстиле на овој мал карпест полуостров и секоја од нив оставила свој запис како свој белег, опкружен со ѕидини од венецијанската ера. Оваа област е идеална за прошетка низ тесните, камени улички кои зрачат со шарм на некои минати времиња, а што се однесува до знаменитостите, не заборавајте да ја посетите Цитаделата – најважната градба на Стариот град која датира од средниот век.
Прочитајте ги најновите совети, водичи и инспирации за патување.
Се вчитуваат најновите објави...
Со пополнување на формата се согласувате вашите понуди да бидат објавени на страницата на ТравелХаб како и на социјалните мрежи Facebook и Instagram.*
We will review your software soon!
Добивај еклсклузивни понуди секоја недела
Our excellent customer support team is ready to help.