Париз, Франција · Понуда од MyTrip
Туристичка агенција · TravelHub партнер
Локација на понудата.
Начин на превоз за оваа понуда.
03.12.2026 | ЧЕТВРТОК СКОПЈЕ – ПАРИЗ Состанок на групата на скопскиот аеродром во 04:00 часот. Полетување кон Париз во 06:00 часот со директен лет на авиокомпанијата Wizz Air. Пристигнување на аеродромот Буве (Beauvais) во 09:05 часот. По пасошка и царинска контрола следува организиран трансфер до хотелот за оставање на багажот. Во попладневните часови следува можност за пешачки разглед на Париз со локален водич. Разгледот се реализира пеш или со метро и опфаќа дел од најпознатите места: Латинскиот кварт, Нотр Дам, Монмартр, црквата Sacré-Cœur, улицата Пигал и познатиот Moulin Rouge. Во попладневните часови следува сместување во хотел. Слободно време за одмор и индивидуални активности. Ноќевање. 04.12.2026 | ПЕТОК ПАРИЗ – ВЕРСАЈ – КРСТАРЕЊЕ ПО СЕНА Појадок во хотел. Дворец Версај По појадокот предлагаме факултативна посета на величествениот дворец Версај, оддалечен околу 15 km од Париз. Дворецот е изграден од францускиот крал Луј XIV и претставува ремек-дело на уметноста од XVII век. Во разгледот не се вклучени градините. По завршувањето на посетата следува враќање назад кон Париз и слободно време во центарот на градот. Крстарење по Сена Следува можност за крстарење по Сена во времетраење од 1 час, со можност да ја почувствувате магијата на Париз од поинаква перспектива. Враќање во хотел. Ноќевање. 05.12.2026 | САБОТА ЛУВР – АЈФЕЛОВА КУЛА Појадок во хотел.
Прочитајте ги најновите совети, водичи и инспирации за патување.
Се вчитуваат најновите објави...
Со пополнување на формата се согласувате вашите понуди да бидат објавени на страницата на ТравелХаб како и на социјалните мрежи Facebook и Instagram.*
We will review your software soon!
Добивај еклсклузивни понуди секоја недела
Our excellent customer support team is ready to help.