Скијатос, Грција · Понуда од Camellia Travel Agency
Туристичка агенција · TravelHub партнер
Локација на понудата.
Начин на превоз за оваа понуда.
На овој остров ќе ги најдете најдобрите песочни плажи, најуникатните кафулиња и барови,како и најдобрите таверни каде се подготвува свежа морска храна. Дефинитивно Скијатос е еден од најубавите острови во Егејското Море. Бродските тури околу Скијатос, како и оние што одат до соседниот остров Скопелос, ќе Ви овозможат да го истражите и доживеете овој осторв во целост. Плажата Лаларија нека биде прва на листата од места кои мора да ги посетите. Сместувачки капацитет кој го имаме на Скијатос е „Вила Павлос“ која располага со студија на приземје и прв спрат.Вилата е нова и модерна, а во дворот има базен кој може бесплатно да го користат гостите..Вилата е оддалечена 10-тина минути од градската плажа Megali Ammos. Вила Павлос се наоѓа во мирниот дел во градчето Скијатос, на само неколку минути пеш од популарниот мал аеродром на островот. Главниот влез на вилата е уреден со огромни палмови дрвја, медитерански цвеќиња и тревник, а дворот на вилата Павлос каде воедно се наоѓа и базенот е изолиран одлично изолиран за да може да уживате во тишината и спокојот. Вилата располага со 1/2 и 1/3 студија на првиот спрат.Од дел од студијата може да се набљудува морето, а останатите нудат погед кон пејсажниот остров. Студијата се опремени со мини кујна за подготовка на лесни оброци, фрижидер, прибор според бројот на гости, ТВ, плакар, тераси со столчиња и маса и Wi-Fi, и тоалет. Пред самата вила може да се паркираат автомобили за туристите кои ќе го посетат островот со сопствен превоз. Вилата има и своја рецепција и лице одговорно за гостите.Нашиот организиран транспорт ги остава патниците пред самата вила, а од каде ги презема за враќање назад. Вилата е на една минута пешачење од море.Првата плажа е на 3 минути пешачење, но таа плажа е мала и не е организирана.
Прочитајте ги најновите совети, водичи и инспирации за патување.
Се вчитуваат најновите објави...
Испрате контакт информации и нашиот тим ќе ве контактира со повеќе детали.
We will review your software soon!
Добивај еклсклузивни понуди секоја недела
Our excellent customer support team is ready to help.